За Нас

За еко тим исток

Здружението ЕКО ТИМ ИСТОК е невладина, непрофитна органицизација која е основана на 20 мај 2012 година. До сега имаме над 50 активни членови. Основните цели на Еко Tим Исток се: заштита и напредок на животната средина во склад со принципите за одржлив развој, едукација на граѓаните и децата, со што ќе се допринесе за зајакнување и формирање на еколошка свест, потсетување јавноста да учествува во донесувањето на одлуки кои се врзани со заштита на животната средина.

Органи на управување :

УПРАВЕН ОДБОР

НАДЗОРЕН ОДБОР

ЧЛЕНОВИ

ВОЛОНТЕРИ

Ние сме посветени на зголемување на стандардите и подобрување на животната средина и природата, се залагаме за вклучување и учество на јавноста со цел сите да се залагаат за создавање на одговорно општество и да се создаде свесна врска помеѓу луѓето и природата.

Тука сме за да се заштити јавниот интерес и правото на здрава животна средина, и да се создадат решенија за зачувување и рационално користење на природните ресурси во корист на сите граѓани.

Врз основа на потпишан Договор со Мировен корпус, ЕКО ТИМ ИСТОК, во својот тим има волонтер од УСА за поддршка и имплементација на сите проекти, кои се спроведуваат и активна улога за барање на нови начини на финансирање на нашата НВО. Соработката со мисијата на Мировен корпус е огромно признание за нас и изразуваме бескрајна благодарност за укажаната доверба.

https://www.peacecorps.gov/north-macedonia/ask-for-a-volunteer/

Придужете се на нашиот тим! Контактирајте не!

+389 71 272 024

+389 70 638 474

МАРШАЛ ТИТО 45, КОЧАНИ

Да ја изградиме здравата иднина заедно!