– ПРОЕКТ: „ Запознај ги убавините на општина Кочани“

Грантист: Здружение за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани

Се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Кофинансиран е од Општина Кочани.

Вкупна вредност на проектот: 666.200,00 МКД

Почеток на проектни активности: 01.06.2023

Крај на проектни активности: 31.05.2024

ЗОШТО ВАКОВ ПРОЕКТ:

Иако има потенцијали, туризмот во општина Кочани е на незавидно ниво, односно како туристички потенцијали се нудат само неколку локации, на кои се одвива масовен туризам кој најчесто е сезонски или поврзан само со одредени празници и настани.

Уште полоша е ситуацијата со рурален и алтернативен туризам – гранки на туризмот кој земаат широк замав во последните години во нашата земја и пошироко.

Овој проект е  насочен кон искористување и промоција на културно-историско наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани преку призмата на рурален и алтернативен туризам, кои се форми на одржлив, еко туризам надвор од градските средини, гужви и секојдневието.

Севкупна цел на проектот: Рурален и алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историско наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани.

Конкретна цел на проектот: Промоција на постоечките туристички можности за рурален и алтернативен туризам во општина Кочани, со акцент на културно-историски, верски туризам и гастрономија.

РЕЗУЛТАТИ КОН КОИ СЕ СТРЕМИМЕ ДА ГИ ДОСТИГНЕМЕ:

1.Идентификувани и развиени локални туристички можности за културно-историски, верски туризам и гастрономија

  • Над 30 состаноци;
  • Идентификувани над 20 локалитети;
  • Креирање на каталог со идентификувани локалитети;

2. Развиени капацитети за културно-историски, верски туризам и гастрономија

  • Вклучени 10 мажи и 10 жени;
  • Одржани 8 обуки/работилници на различни теми;
  • Креирани 3 конкретни туристички понуди /бизнис планови;

3. Зголемена видливост на  потенцијалите на културно-историски, верски туризам и гастрономија

  • Електронски и печатени промотивни материјали;
  • Добра промоција.