Во текот на изминатите два месеци, април и мај 2018 година во основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“ во Кочани, како и „Синиша Стоилов“ во Зрновци, Здружението ЕКО ТИМ ИСТОК спроведе акција „Стара хартија за нова книга“. Во рамки на акцијата беше собирена стара, неупотреблива хартија од домовите и училиштата и истата беше предадена за рециклирање, а училиштата добија нови книги/лектири за училишните библиотеки. Акцентот на акцијата се става на заштита на животната средина, поточно на зголемување на свеста за можноста од реупотреба на дел од отпадот (во случај хартијата) како и на заштедата на природни ресурси (дрвја) за производство на нови количини на хартија. Акцијата ја подржаа ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани и ПЕЈПАР МИЛ – Кочани.