Проектот се спроведуваше во периодот од септември 2018 до август 2019 година од страна на Здружението за екологија и заштита на животната средина Еко Тим Исток – Кочани во партнерство со Екопроект-Ко ДОО Кочани.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 35.635 САД$, од кои 23.147 САД$ се обезбедени од Глобален еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Еко Тим Исток – Кочани и Екопроект-ко ДОО – Кочани.
Генерална цел: Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадно ПЕТ пакување во Кочани;
Конкретни цели:

  • Обезбедени потребни ресурси за селектирање на отпадно ПЕТ пакување;
  • Техничка поддршка на ЕКОПРОЕКТ – КО за ефикасно собирање и транспорт на отпадно ПЕТ пакување;
  • Подигната јавна свест за штетното влијание на ПЕТ-от.

Во проектот ќе бидат вклучени учениците и наставниците од четирите основни училишта во градот Кочани, како и минимум 5 угостителски објекти.

Воспоставувањето на систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани ќе значи негово селектирање и предавање на лиценцирана фирма за управување со отпад од пакување, директен финансиски бенефит за собирачите, еколошки бенефит – заштита на животната средина и здравјето на човекот, како и социјален бенефит – вклучување на повеќе засегнати страни и јакнење на јавната свест.
Во моментот во општина Кочани правилното управување со отпадот како и користењето на бенефитите е на незавидно ниво поради фактот што не постои еколошка свест и навика кај населението за селектирање на отпадот, истиот најчесто завршува измешан со другиот комунален и опасен отпад не размислувајќи за штетните последици што ги предизвикува врз животната средина, а со тоа и врз нашето здравје; недоволно се препознава економскиот бенефит од селектирање/продавање на корисниот отпад, а не постојат ни доволно соодветни садови за одлагање/селектирање на отпадот од пакување.
Повеќе информации за ГЕФ ПМГ ќе најдете на http://www.gefsgpmacedonia.org.mk/ и https://sgp.undp.org